Двете деца од Автокоманда најдени во Гостивар


Двете деца од скопската населба Автокоманда на возраст од 11 и 10 години што вчера беа пријавени како исчезнати синоќа биле најдени живи и здрави во Гостивар. Информацијата ја потврдија од МВР.

Вчера на социјалните мрежи се прошири веста за исчезнувањето на децата.

– Децата веќе се најдени. Тие се во Гостивар. Јас немам пари да ги земам од таму и еве го чекам мојот брат, кој е такси-возач, да собере пари и да одиме да ги земеме. Пред два часа ми се јавија дека е најдени и дека биле добри. Вчера утро тие заминаа за на училиште и од дома зеле 1.600 денари кои беа оставени на маса. Веројатно со тие пари се качиле во автобус и по грешка заминале во Гостивар – изјави таткото во телефонскиот разговор за „МКД.мк“.

Од МВР потврдија дека децата се најдени и за тоа е известен и таткото и службите од одделот за малолетници. Малолетните брат и сестра се во полициска станица во Гостивар и се во добра здравствена состојба. Истрагата, велат од полицијата, ќе утврди како децата од Скопје завршиле во Гостивар, а ќе се испитува и дали постои одговорност и кај родителите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1