Вонредна најава: По сонцето спремете се за невреме


По долгиот период со врнежи, студено време и со честа појава на невремиња како и со значително количество на воден талог конечно како што и најавивме од денеска па во следниот период започнува период на значително потопло време кое веќе ќе наликува како на рано лето а токму ова е поради продорот на значително потопла воздушна маса која продира од југ кон нашите предели од Европскиот Континент, анализира Славчо Поповски.

Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност а ќе започне да дува и јужен и југоисточен ветер кој особено утре ќе биде засилен на интензитет на повеќе места низ државава. Денес попладне особено на планинските места ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи а утре и во понеделник повторно се очекува нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а локално не се исклучува можноста и за локална појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени додека во централните и во југоисточните предели истите во текот на следниот период можно е да се искачат и до 30 степени а УВ индексот ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 9. Да напоменеме дека во следните денови поради јужното и југозападното воздушно струење од Сахара кон нашата држава повторно ќе се врши транспорт на прашина и на песок. Сепак и покрај ова студените денови завршија со што можете да уживате во многу потоплите денови и покрај нестабилноста која ја очекуваме.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1