Авион на американскиот авиопревозник „Јунајтед ерлајнс“ на летот од Лондон за Чикаго прогласи вонредна состојба и принудно ќе слета на аеродромот во Единбург.
Засега не е познато која е причината за вонредната ситуација, која настанала околу еден час по полетувањето, пренесува британски „Мирор“.
„Боинг 767“ на летот 929, кој утринава полета од лондонскиот аеродром „Хитроу“, во моментов се подготвува за слетување во Единбург.