ВОНРЕДНА СОСТОЈБА во Источна Македонија!


Прогласена е вонредна состојба во источна Македонија. Прелеа браната Калиманци. Во браната дотекуваат околу 280 кубни метри вода. Кризниот штаб нареди итна евуакција во дваестина населени места по течението на река Брегалница.poplava5

„Целата вода од браната сега завршува во реката. Наредуваме евакуација на граѓаните. Ова особено важи за старите и немоќни лица. Граѓните да ги напуштат приземните простории и да се качат на повисоките катови. Најголемиот удар се очекува во Штип некаде по 20 часот. Тогаш се очекува нивото на водостојот да се зголеми за еден до еден и пол метар“, рече Миле Јанакиевски, Шеф на државниот кризен штаб. Пратена е и препорака за дислокација на стоката од фармите по течението на Брегалница.

Од општина Штип очекуваат подршка од сите институции. „Ние сме добро организирани на терен ни помагаат претставници на армијата и полицијата, ЦУК, граѓани од месните заедници. Така што очекуваме овој удар да го ублажиме и да нема човечки жртви“, рече градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

Според информации од општина Чешиново Облешево поплавен е патот кон село Теранци, а според информациите од ЦУК непроодни се и мостовите кон селата Ратавица и Трипатанци, а непрооден е и патот Киселица- Злетово. Во останатите општини има излевање на реките, но таму претежно се поплавени викенд куќи и земјоделско земјиште.
Прво на удар по браната Калиманци е селото Истибања, каде веќе е почната евакуацијата на три куќи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1