Франција е светски шампион!


До петтото злато од светските собири Французите, кои беа и апсолутни фаворити на дуелот со Катар, стигнаа без поголеми проблеми и покрај амбициите на домаќинот да продолжи со серијата на изненадување кои ги приреди на овој шампионат.Qatar vs France
Катарците водеа само два пати на средбата и тоа во раната фаза со 1-0 и 2-1 по што започна одлепувањето на Франција која до 20 минута направи и +5 (11:6) со што и го најави конечниот исход на средбата.
Катар успеј на неколку пати да се доближи но не и да го израмни резултатот за да внесе поголема неизвесност на средбата.
И покрај поразот и сребрениот медал Катар ќе влезе во историјата на ракометот како првата земја надвор од Европа која успејала да освои медал на планетарните собири.
Најефикасен во победничкиот тим беше Никола Карабартиќ со 5 погодоци на спротивната страна Жарко Марковиќ постигна 7.
Франција по втор пат успева да ги обедини трите титули откако истото и трга од рака во 2008 година (Олимписки игри во Пекинг), 2009 (Светско првенство во Хрватска) и 2010 (Европско првенство во Австрија).
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1