Најмалку осум лица се повредеени , а над илјада се без електричана енергија во гратчето Јурека во американската држава Канзас.
Торнадото , кое директно удри на гратчето Јурека зад себе остави пустош . Во Канзас е прогласена вонредна состојба, откако торнадото удри во гратчето со околу 2 400 жители. Гувернерот Џеф Колиер по еден час од ударот прогласи вонредна состојба .
Во целиот округ нема струја поради прекинатите далекуводи од искршените дрвја. Стотици куќи , училишта и други објекти се оштетени , а жителите кои останаа без покрив над главата , се засолнети во црквата.
Во текот на денот во централниот дел на САД имало појава на дури 11 торнада.