ДРАМА ВЕЧЕРВА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ. АВИОН НА ТУРКИШ Е СОПРЕН ДА ПОЛЕТА ОД СТРАНА НА ПОЛИЦИЈАТА. СПОРЕД ИНФОРМАЦИИТЕ ПАТНИЦИТЕ СЕ ТРГНАТИ НА БЕЗБЕДНО И ВО ТЕК БИЛ ПРЕТРЕС НА АВИОНОТ.
Телевизија Нова ексклузивно од свои извори дознава дека вечерва авион на Туркиш ерлајнс бил спречен да полета од скопскиот аеродром „Александар Велики“ поради дојава за бомба.
ЕКИПАТА НА ТВ НОВА Е ВЕЌЕ УПАТЕНА КОН АЕРОДРОМОТ И ОЧЕКУВАМЕ ВКЛУЧУВАЊЕ ЗА ДА ДОБИЕМЕ ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ. ОНА ШТО ДОСЕГА СИГУРНО ГО ЗНАЕМЕ И Е ПОТВРДЕНО Е ДЕКА АВИОНОТ НА ТУРКИШ ТРЕБАЛО ДА ПОЛЕТА ОД АЕРОДРОМОТ ВО 20 ЧАСОТ И 40 МИНУТИ А БОРДИНГОТ НА ПАТНИЦИТЕ ДА ЗАПОЧНЕ НЕШТО ПО 20 ЧАСОТ. НО КАКО ШТО СТОИ И НА САЈТОТ НА ЕРОДРОМОТ АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ ЛЕТОТ ЗА ИСТАНБУЛ ДОЦНИ ОДНОСНО СТОИ ДЕКА ДУРИ И БОРДИНГОТ НА ПАТНИЦИТЕ Е ОДЛОЖЕН.
Повеќе информации и детален извештај погледнете во вестите на ТВ Нова во 22 часот.