Околу 21 часот синоќа во Скопје на улицата „Вич“, во “Тинекс Маркет“, две непознати лица вооружени со пиштол од вработените одзеле пари од дневниот промет од касата, а потоа го напуштиле местото на настанот.
Увид извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на кривичното дело.