Вооружен и опасен: Цел Балкан во потрага по возачот монструм


Српските власти го откриле идентитетот на главниот осомничен за сообраќајната несреќа во која својот живот го загуби млада мајка од Нови Сад.

Имено, Горан Шарац е главниот осомничен во случајот на смртта на младата Марија Милешиќ, која што својот живот го загуби откако беше прегазена на пешачки премин на Сомборскиот булевар во Нови Сад, на 1 декември годинава.

opasen-vozac-marnsiv-01-654x469

По објавувањето на идентитетот на главниот осомничен, во Хрватска било откриено дека станува збор за човек кој во границите на оваа земја се бара поради разбојништво и грабеж.

Всушност, Горан Шарац се наоѓа на црвената потерница на Интерпол поради овие злосторства, па властите ги повикале граѓаните да пријават доколку имаат било какви информации за овој човек, кој пред неколку дена прегазил жена и избегал од местото на несреќата.

На интернет страницата на Министерството за внатрешни работи на Хрватска исто така се наоѓа потерница за негово апсење. Во извештајот е наведено дека станува збор за вооружена и исклучително опасна личност, склона кон давање отпор.

Screenshot_2

 

По откривањето на виновникот, полициската управа во Нови Сад интензивно трага по триесет и двегодишниот Шарац, кој со својот автомобил и го одземал животот на дваесет и осумгодишната Марија Милешиќ, а потоа избегал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1