Голема паника во болница во Истанбул денеска предизвика вооружен полицаец, кој се наоѓа таму на психијатриско лекување, откако се забарикадира во соба, заканувајќи се дека ќе се убие, соопштија претставници на болницата.
Претходно весникот „Хуриет“ соопшти дека вооружен маж држи група лекари и дел од медицинскиот персонал како заложници, но портпаролот на болницата ги демантираше тие тврдења.
Портпаролот истакна дека целиот медицински персонал од болницата „Церахпаша“ се евакуирани од психијатриското одделение и оти полицијата се обидува да го убеди мажот да не изврши самоубиство.