ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО


Евангелие според Лука 24, 1-47

А во првиот ден на седмицата, многу рано, жените дојдоа на гробот, носејќи ги мирисите што ги приготвија. И го најдоа каменот одвален од гробот. И кога влегоа, не го најдоа телото на Господа Исуса. И додека стоеја збунети заради тоа, ете,пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки. Бидејќи беа уплашени ги наведнаа лицата кон земјата, а тие им рекоа: ,,Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите?

veligdenТој не е тука! Воскресна! Спомнете си како ви зборуваше, додека беше уште во Галилеја: говорејќи: дека човечкиот Син треба да биде предаден во рацете на грешниците и да биде распнат и да воскресне на третиот ден! И си ги спомнаа Неговите зборови. И кога се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на Единаесетмината и на сите други.

А тие беа: Марија Магдалена, и Јоана, и Марија Јакововата мајка, и други жени со нив: им го кажаа тоа на апостолите. А ним овие зборови им изгледаа како празна шега, и не им веруваа. А Петар стана и отрча до гробот се наведна и ги виде само ленените завои, и отиде назад, чудејќи се за она што се случило.

Истата вечер Исус им се јавил на своите ученици. Тие биле затворени во една соба плашејќи се од Јудејците. Одеднаш се појавил Исус и ги опоменал да не се плашат, а потоа им ги покажал своите нозе, раце и ребра за да ги увери дека е тој. Дувнал во нив велејќи им: „Примете свет дух“. Потоа побарал и храна и ја изел за да ги увери дека не е привидение. Од учениците тука не бил само Тома кој подоцна кога му кажале дека го виделе учителот не им верувал.  Оттука останала и изреката „Неверен  Тома“.

Исус им се јавувал на своите ученици 40 дена по воскресението кога се вознесол на небото. Затоа на  четириесет дена по Велигден се празнува Вознесение Христово или Спасовден.

До овој празник се чувствува свечената велигденска атмосфера, а луѓето се поздравуваат со велигденскиот поздрав: „Христос воскресе“ и си отпоздравуват со: „Воистину воскресе“. Првиот поздрав значи и соопштување на веста за Христово воскресение, а отпоздравот потврда на таа вест.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1