Струјата ќе поевтини


Се очекува летово да се намали цената на струјата, но за колку ќе се знае во јуни кога компаниите ќе ги достават пресметките, објави Алфа ТВ.

struja-33Лани домашните капацитети, термо и хидро централите произведоа максимум струја, а увозот е многу помал споредено со 2011 година. И државните електрани деновиве излегоа со податоци дека само во март годинава хидроелектраните произвеле 208,7 гигават часа, за разлика од истиот месец лани кога биле произведени само 55 гигават часа. Поради добрата хидролошка состојба ЕЛЕМ исклучиле и дел од термоцентралите, а останатиот дел работел според потребите.

Но обновливите извори од идната година ќе се зголемуваат. Во Богданци ќе биде отворен ветро парк, втор по големина на на Балканот. ЕЛЕМ веќе почна да го гради ветропаркот. Тој ќе биде најголем на балканот, по оној во Хрватска. Се очекува да биде готов во 2014 година.

За почеток целото производство ќе биде наменето за македонските потреби. Цената од ветерниците ќе чини 89 евра за мегават час. Целиот проект чини 55 милиони евра. 32,9 се обезбедени преку КФВ банка, а останатите 22,6 милиони евра се сопствени сретства на ЕЛЕМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1