Восочни фигури на Александар, Филип, Олимпија во Археолошкиот музеј


Вкупно 15 фигури од восок кои претставуваат историски личности од минатото ќе бидат дел од хронолошката поставка на новиот Археолошки музеј. Дел од восочните фигури веќе се донесени, сместени во депото на музејот и чекаат да бидат поставени.

The golden larnax of Philip II of Macedon, the father of Alexander the Great, is on display at the Thessaloniki Archaeological Museum in Thessaloniki, Greece.Меѓу историските личности се и Александар Македонски, Филим II и мајката на војсководецот, Олимпија пишува Плус Инфо.

– Високи се метар и 60 до 80 сантиметри, а тешки 60 до 80 килограми. Изработени се и фигури на Персеј, Орест, Аристотел, на Јустинијан и на македонски кралеви, како и на Крали Марко. Ќе бидат дел од историската хронолошка поставка во која се претставени праисторискиот период на Македонија, античкиот и средновековниот – изјави директорката Весела Честоева за Плусинфо.

Музејот се очекува официјално да биде отворен пред крајот на годинава. На три ката ќе бидат изложени повеќе од 6.000 артефакти. Меѓу експонатите се очекува ритуална кочија, стара осумнаесет века, луксузна стаклена чаша од 4 век, една од десетте пронајдени во светот, и мермерна статуа на Венера Пудика од 2 век. Копијата на саркофагот на Александар Македонски е при крај и се очекува да биде донесена и изложена непосредно пред отворањето.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1