За две недели во Скопје ќе пристигне проф. д-р Оливер Боилор – врвниот хирург за трансплантација на црн дроб од Центарот за трансплантација во Лион.

Професорот веќе има работено на вакви проекти во други држави и со голем успех го воспоставил и развил овој тип на здравствена услуга. Агенцијата за биомедицина е расположена да ни даде подршка за развој на софтверско решение за креирање на листа на чекање за пациенти на кои им е потребна трансплантација на ткива и органи во Македонија.
Досега во Македонија успешно се врши трансплантација на бубрези од жив дарител, а во иднина, преку оваа соработка ќе може да се врши и трансплантација на бубрези за пациентите кои се на дијализа а се инсулино-зависни(дијабетичари) на кои им е потребно и транплантирање на панкреас.
Нетпрес