Вовеле данок на дожд – колку дожд паѓа на твојот имот толку ќе си платиш


Гувернерот на Мериленд, демократот Мартин Омали, вовел нов данок за жителите во девет окрузи на државата. По извештајот на тамошните новинари, се работи за закон кој ги обврзува граѓаните да плаќаат данок во висина на количеството на дожд кој што паѓа на нивниот имот.

dozd_1_7Данокот официјално познат како „storm water management fee”, ќе се спроведува во девет земји. Поранешнот кандидат на Републикансата партија, Дан Бонгино, силно се залагаеше против ваквиот закон во американскиот Сенат и во средата на прес-конференција остро го критикуваше.
„Законот бара поединци, бизниси, па дури и добротворни организации и домови да платат данок, врз основа на износот на дожд кој што ќе падне на нивниот имот“, објаснува Дан Бонгино.
Данокот ќе се спроведува на локално ниво, а истиот ќе се пресметува преку надзор на сателит на имотите на резидентите.

Според конзервативната организација, наречена „Change Maryland“, данокот на дожд ќе донесе профит од околу 300, милиони долари годишно.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1