Љубомир Милановиќ, кој вчера беше прегазен од воз на Главната железничка станица во Србија, му била украдена целата плата која ја носел со себе, во моментот на несреќата, вели неговата сопруга Милена
-Страшно сум разочарана. Му украдоа 37 илјади динари, кои биле во неговата кожна јакна. Тој бил свесен но не се сеќава кој му ги зел парите, се жали Милена.
Таа вели дека и нејзиниот сопруг задоцнил на возот затоа што се задржал во трафика, па трчал за да го стигне. Настрадал кога ногата му се лизнала на шините.
-Застанал да купи весници и цигари и додека купувал, возот тргнал, вели таа.