Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во четири часот утринава возот кој сообраќај од Битола до Скопје удрил во непознато лице. Несреќата се случила на еден километар откако возот ја напуштил железничката станица во Прилеп.
Полицијата извршила увид, а телото е предадено на обдукција.
Се работи на расчистување на несреќата, да се утврди дали е самоубиство или несреќен случај.