Најмалку осум лица, а шестмина други се повредени кога товарен воз кој превезувал пченка, излетал од шините во југоисточниот дел на Бразил и удрил во неколку куќи.
Несреќата се случила кога возот што сообраќал до Рио Прето, минувал низ населен кварт на градот Сао Хосе.
Полицискиот инспектор Марсело Гулар изјави дека некои од деветте вагони што излетале од шините удриле во четири куќи, при што загинале две деца, четири жени и двајца мажи. Постои можност под урнатините да се наоѓаат уште жртви, сметаат спасувачките екипи.
Полицијата ги истражува причините за несреќата, а според очевидци, возот пред инцидентот се движел со зголемена брзина.