Воз кој превезувал нуклеарен отпад излетал денеска од шините во предградие на Париз, но властите тврдат дека немало истекување на материјалот и не постои зголемена радијација, ниту повредени.
Експерти извршиле тестирања по несреќата и утврдиле дека не се случило истекување на нучлеарниот отпад во квартот Дранси, соопшти претставник на националната пожарникарна служба, додавајќи дека ќе бида започната истрага за инцидентот.
Претседателот на локалната управа на Дранси, Жан-Кристоф Лагард изрази загриженост поради безбедноста, бидејќи низ ова предградие на Париз постојано минуваат возови со хемиски и нуклеарен отпад.