Дел од Карпош и Сарај денес без струја


 Поради закажани технички зафати во електро-системот, без снабдување со електрична енергија утре ќе останат дел од потрошувачите во општините Карпош и Сарај.

strujaВо време од 10.00 – 13.00 часот без елетрично напојување ќе бидат дел од ул. Волгоградска и дел од бул. Партизански Одредеи – кулите спроти Сити Мол (о. Карпош). Во време од 09.00 – 15.30 часот ул. Франце Прешерн бар. 78 и околните броеви (о. Карпош) и во време од 09.00 – 15.30 часот дел од с. Копаница (о. Сарај).

Прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони, се наведува во соопштението од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето од ЕВН Македонија АД

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1