Загинал возач на автомобил во кој удрил воз кај Драчево, а во возилото имало и две малолетни деца, кои успеале да избегаат, информира МВР.
Oколу 15,15 часот вчера на дел од пругата помеѓу железничка станица Јане Сандански на влезен сигнал во железничка станица Драчево,поточно кај село Драчево дошло до железничка незгода во која патнички воз кој сообраќал на релација Велес-Скопје удрил во патничко моторно возило „Фиат Панда“ со скопски регистерски ознаки, а управувано од Ласте Д.(64) од Скопје. Сопатници биле две малолетни деца кои успеале да излезат од возилото.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во поликлиниката Драчево каде од страна на лекар била констатирана смрт. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.