Возач на камион се обидел да прегази полицаец


policija stopСпоред МВР вчера  околу 19,00 часот во атарот на с.Башино Село-велешко, после мостот на реката Вардар, З.Т.(43) од Велес извршил предизвикување општа опасност, така што откако претходно неговото ТМВ „Ман“ натоварено со песок а управувано од Л.Л.(54) од Велес било запрено од страна на полициски службеници, З.Т. спротивно на наредбите на полициските службеници влегол во возилото и песокот го истурил по што се обидел да го прегази полицискиот службеник.

Со кренат кипер З.Т. закачил телефонските жици кои се искинале и се искршиле три дрвени бандери, по настанот истиот со ТМВ се упатил на локалниот пат Велес-Башино Село на начин што ги загрозил и другите учесници во сообраќајот.  По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1