Возачот во компанија за луксузен превоз во Италија, нашол 43.000 евра во кеш и ги вратил на сопственикот за време на божикните празници.
Тој видел торба на паркинг пред шопинг центар во Чивитанова Марче, во Италија, во која имало 43.000 eвра, документи, мобилен телефон, а ја пронашол и адресата на сопственикот.
Возачот Луиџи Тиеди ја нашол торбата што му припаѓала на локален бизнисмен, кој пред да оди дома, каде имал намера да ги стави парите во сеф, застанал во шопинг центарот да купи нешто пред Божик. Но вадејќи други работи од автомобилот, торбата му паднала без да забележи.
„Се расплакав кога му ја враќав торбата на сопственикот. Таа не ми припаѓаше мене, затоа ја вратив. Тој сакаше да ме награди, но јас одбив. Нозете ми се тресеа. Но, не мислев двапати. Меѓу сите тие пари, најдов документи и адреса. Во животот мора да правиме добро. Злото не е потребно. 43.000 евра нема да ми го сменат животот, но добрите дела, да“, вели Тиеди.