Уште една измама на која паднаа корисниците на Фејсбук


Повеќе од илјада корисници на Фејсбук „паднаа“ на уште една измама која овие денови се врти на Фејсбук, а овој пат сите „полудеа“ по заработката на Марк Цукерберг.facebook-money-500

Корисниците масовно делат статусти каде се наведува дека Цукерберг на оние кои постот го делат заедно тагирани со пријателите ќе даде по 4,5 милиони долари.

Пораката е поврзана со вистинската најава на Цукерберг дека ќе го подели неговото богатство, но во него се наведува дека шефот на Фејсбук одлучил да даде и десет отсто од неговото богатство на обичните корисници.

Се што треба да се направи во најновата измама е да се копира и подели статусот и означат пед до десет пријатели, а Фејсбук треба да ги  прегледа  постовите на корисниците и избере илјада на оние кои ќе даде по 4,5 милиони долари.

Дури се наведуваше и дека таквата поделба на богатството на Цукерберг е најавена во телевизиската емисија „Добро утро Америка“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1