Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. На осојничавите места има остатоци од снег. Поради ниски температури на повисоките места, можна е појава на голомразица.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.