Возачот на автобусот ја преживеал несреќата, ќе му се зема крв и урина


Возачот на автобусот што попладнево се преврте кај месноста „Карпалак“, на автопатот Скопје-Тетово е во стабилна состојба, информираше градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Заради расчистување на причините за несреќата во која, според досегашните информации животот го загубија 13 патници, надлежен јавен обвинител побарал да биде земено крв и урина од возачот и да се направи проверка на техничката состојба на автобусот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1