Возачот на Итна помош што почина по трагедијата во Кочани ќе биде постхумно одликуван


Возачот на Итната медицинска помош кој почина по трагичната несреќа во Кочани, а превезе голем број пациенти ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

  • Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликувам, изјави Таравари.

Во однос на информациите дека инфаркт имал уште еден возач на Брза помош, Таравари рече дека таква информација во Кризниот штаб досега немаат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1