Возачот на Туарегот кој усмрти момче претпрел акутен стрес


Дваесет годишниот Џ.М. од скопско Батинци кој вчера со џип Туаренг усмрти 16 годишно момче претрпел акутен стрес.

Оваа констатација била изнесена од доктор, откако возачот на Туарегот бил пренесен во ГОБ-„8-ми Септември“ по несреќата.soob-dete1

Како што веќе е познато, вчера околу 16:20 часот на ул.„Метрополит Теодосиј Гологанов“ Џ.М. со своето возило удрил во 16-годишниот скопјанец И.Б., кој поради сериозноста на повредите беше пренесен во Ургентниот центар каде подоцна и почина.

Очевидци за Курир вчера изјавија дека возачот возел брзо и удрил во детето кое во моментот на поминувало улицата на пешачкиот премин.

Полицискиот увид траеше неколку часа, а за несреќата на лице место сведочеа двете патики на малолетникот, кој од ударот на автомобилот беше отфрлен неколку метри.

Полицијата превзема мерки за целосно расчистување на несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1