Возачот плачеше и бараше прошка од семејството на прегазеното девојче


Возачот на камионот, Раде Васакевски, кој на 24 октомври минатата година ја прегази 11 годишната Матеа во населбата Хром го призна делото, за кое е обвинет од страна на јавното обвинителство.

На камионџијата му се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и против имотот во сообраќајот за кое е одредена максимална затворска казна до пет години.Тој го призна делото за кое е обвинет од Јавното обвинителство. Побара и прошка од семејството на загинатото девојче.

Возачот на камионот, кој во октомври минатата година прегази 12-годишно девојче меѓу населбите Хром и Влае, ја призна вината и побара прошка од семејството.

 

Здравство24.мк

Здравство24.мк

Во својот емотивен исказ пред Судот, возачот Раде В. му изрази сочувство на семејството и рече дека за тоа што го сторил ќе страда цел живот.

Нему му се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и против имотот во сообраќајот за кое е одредена максимална затворска казна до пет години.

„Верувајте ми чесен судија, никогаш во животот не сум помислил да повредам некого, тоа ангелче требаше да преживее. До гроб ќе го носам ова со себе. Не успеав да ја видам, не знам како и зошто се случи. Секогаш сум бил максимално внимателен во сообраќајот и никогаш не сум направил сообраќајка. Би го заменил нејзиното место и јас би легнал на нејзиното место. Срцето би го откорнал само да ја вратам. Која казна и да ја одредите, јас ќе страдам цел живот“, рече обвинетиот.

Во судницата присутни беа и членови на семејството на прегазеното девојче, кои исто така плачеа додека го слушаа исказот на обвинетиот.

Одбраната на обвинетиот побара од судот да му одреди алтернативна мерка наместо затвор.

Како олеснителни околности, адвокатот ги спомена фактите дека никогаш не бил осудуван, дека се кае за стореното дело и има грижа на совест која ќе ја носи до крајот на животот.

Според одбраната, обвинетиот имал проблеми со срцето и бил единствениот член што обезбедува егзистенција на неговото семејство, а има и дете со нарушено психофизичко здравје, со дијагностициран тумор и во инвалидска количка.

Обвинителството, пак, побара на обвинетиот да му се определи и казна забрана за управување со моторно возило со оглед на тоа што обвинетиот е професионален возач.

Пресудата за сообраќајката ќе биде соопштена в четврток на пладне.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1