Терористот од Ница бил паркиран и возел низ Ница дури 9 часа, пред да го изврши терористичкиот напад.
Во еден момент имал и комуникација со полицијата, на која и кажал дека превозува сладолед.
И покрај тоа што неколку часа пред Мохамед да го изврши терористичкиот напад, полицијата го сопрела за контрола, го испрашала, сепак го пуштиле бидејќи не се посомневале.
Мохамед инаку имал досие во полиција, но не поврзано со тероризам.