Возенмирувачко: Го тепал тригодишниот син за инает на сопругата


Сириски бегалец крвнички го тепа своето тригодишно синче додека се бања и го снима со мобилен телефон, а се со една цел, видеото да и го прати на мајката за да дојде во Грција. На видеото, таткото дури 11 пати го удира детето, кое на неколку пати паѓа, но успева повторно да стане, а цело време додека трае малтретирањето, детенцето плаче. Таткото во обид да ја натера мајката од Турција да дојде во Грција не запрел тука, и испратил и второ видео во кое го тепа синчето, пренесува „Канал 5“.sanja-97

– Немој да се грижиш синко и немој да плачеш, мама ќе дојде да те земе – вели мајката за грчката телевизија „Стар“, со солзи во очите и објаснува дека таткото на детето и барал пари и и се заканувал дека ако не дојде, ќе продолжи да го малтретира синчето.

– Започна да ми се јавува од различни мобилни телефони и да ми вели: Ако не дојдеш брзо во Грција, јас ќе го убијам детето – вели мајката.andras_souda-638x600-520x489

Мајката за случајот им се пожалила на роднините и пријателите кои што се во Германија. Тие, за да и помогнат, контактирале со официјалниот сириски преведувач во судот на грчкиот остров Родос, кој го пријавил случајот. Потоа следело и апсењето и експресното судење. 32-годишниот татко на детето го признал делото и во судницата постојано се извинувал, но добил 5 години затворска казна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1