Возете внимателно – забрани за движење на повеќе патни правци


Обилните снежни врнежи од 18.30 часот го затворија планинскиот премин Стража за сообраќај на тешки товарни возила . Забрана за камиони и автобуси има и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжително е поседување на зимска опрема.

zabrana snegОд 20.20 часот има забрана за тешки товарни возила и на кракот Маврово – Дебар, информираат од ЈП Македонија пат. Вчера во попладневните часови поради судир на една цистерна и два шлепери, неколку часа беше блокиран сообраќајот на патот од Дебар кон Маврови Анови. Сообраќајната несреќа се случила во реонот на  Трница и нема повредени, посочија од полицијата.

Според првичните информации, причина за незгодата е пребрзото возење и  лизгавиот пат. Инаку прво дошло до судир на еден камион и цистерна,  по што налетал уште еден камион кој влетал во возилата.

Во моментов сообраќајот низ Македонија се одвива по влажни коловози, а на повисоките места во западниот и југозападниот дел од државата  има  кашест снег.

Поради ниските температури можни се подмрзнувања на коловозот на осојните места, порачуваат од АМСМ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1