Вози Југо од 99та, нема недвижен имот – што пријавил Пендаровски во имотниот лист


Координаторот за НАТО и кандидат за претседател на власта, Стево Пендаровски нема недвижен имот. Во својот анкетен лист пријавил само дека поседува Југо старо 20 години.

Како личен имот пријавил само 12.000 евра за кои навел дека ги стекнал како наследство.
Како имот на сопругата, Пендаровски навел Рено Меган од 2005 година проценето на 3.000 евра.

За разлика од Пендаровски, неговиот најсериозен противкандидат на претседателските избори, професорката Гордана Силјановска, се уште нема поднесено накетен лист, бидејќи се уште не извршувала никаква јавна функција.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1