ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА: Жена настрада во скопското невреме


Невремето ја зема првата жртва, вечерва пренесе ТВ Сител.

Според фотографијата која цикрулира на социјалните мрежи, жена се удавила во водите на Смилковското езеро за време на невремето кое го зафати Скопје и околината. Очевидците тврделе дека телото на жената е најдено покрај брегот на езерото а сомневањата се дека со неа вечерта биле и двете деца.zenazrtva

Сеуште нема потврда од полицијата за овој настан. Од МВР доцна вечерва за Либертас изјавија дека екипи на полицијата се на терен на критичните точки меѓу кои и оваа кај Смилковското езеро но дека не можат да ја потврдат информацијата за жртви од невремето. Повеќе информации најавија за утре.

И новинарот Мухамед Зекири на својот Фејсбук профил објави фотографија која му пристигнала и на која се гледа жена која, според тврдењето на испраќачот настрадала од невремето во близина на Смилковското езеро.

„Можно е со жената да биле и две деца ;( Повеќе од еден час луѓето што ја забележале не можеле да стапат во контакт со полицијата“, напиша Зекири на Фејсбук.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1