Новинарката го интервјуира војникот кога во еден момент почнува пукањето и таа легнува на подот. Во следниот момент камерата паѓа и се слушнаат криците на снимателот, кој е погоден од куршум во грб. Камерата останува вклучена и продолжува да снима.
Во следните моменти се слушнаат истрели и криците на повредениот снимател, чија судбина, за жал, во моментов не е позната.
Во Сирија синоќа стапи во сила примирјето што беше договорено со посредство на САД и Русија, за кое завојуваните страни ветија дека ќе го почитуваат, а агенциите јавија дека оружјето денес генерално стивнало во оваа земја раскината од петгодишна војна.
Примирјето не важи за екстремистичките групи, како Ал нусра и ИСИС.