ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Човекот со лице изедено од рак вратен од болница на улица


Човекот кому карцином му го изеде полоцина лице Александар Крнета, со рани и во тешки маки речиси два дена влегувал во клиниките од Клиничкиот центар, но за тоа време не добил ништо против болки, ниту пак е задржан на лекување, затоа што е проценето дека не е итен случај. Така барем тврди белграѓанецот кој му помогнал на болниот Александар и бил покрај него додека оделе од клиника до клиника.

Тешко болниот Крнета инаку е бездомник и него во исклучително тешка состојба на 21 септември го пронашол на Петлово брдо овој хуман жител на Белград.1470099-1

-Со денови лежеше неподвижен во големи болки и се хранеше само во леб здробен во вода и шеќер. На мое инсистирање повикавме Итна помош, изјави Белграѓанецот кој одлучи да остане анонимен, зошто е огорчен од однесувањето на здравствените работници. Тој попладне стигнале на ОРЛ со итната помош, но не биле примени таму и проблемите почнале.

1468184-aleksandar-krneta-frontЕдна докторка го прегледала Александар и констатирала дека во прашање е карцином и притоа му ставила само “риванол“ на раната.

Тогаш повикала друга колешка поради консултации која категорично рекла дека Александар не е итен случај зошто не крварел и не се гушел и дека целиот случај не потпаѓа под нив надлежност туку на Максилофацијалното одделение, обајснува човекот кој бил со него во болница и додава дека на ОРЛ не му дале ниту инфузија иако било видливо дека е малаксан и неухранет.

Тој револтиран од односот на лекарите вели дека не му земале ниту крв, не му го слушнале срцето и белите дробови ниту го испратиле на ургентно снимање. Одбиле да му дадат и аналгетик иако имал големи болки. Кутриот бездомник истиот лош третман го добил и на Максилофацијална.

Александар му раскажал дека таков третман игнорантски од страна на лекарите имал и пред 8 месеци кога му се влошила состојбата со ракот, но откако не бил третиран му отпаднал носот и половина лице.

Директорот на Клиничкиот центар за случајот се јави со соопштение и потенцираше дека пациентот не бил итен случај бидејќи имал две години стара болест кој не била животно загрозувачка!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1