Дипак Син (72) од Индија оживеал непосредно пред да биде кремиран пред неговото семејство.
Внукот на Дипак тврди дека тој починал додека ја чувал стоката.
„Му се приближив и видов како лежи на земја. Не даваше знаци на живот. Ги повикав другите членови од семејството, а потоа повикавме и доктор“, изјавил внукот.
Докторот што дошол на лице место во местото Бавид, констатирал и потврдил дека се работи за смрт. Семејството започнало со подготовките за погреб според традиционалните обичаи. Но, потоа следувало чудо. Дипак оживеал неколку минути пред да го запалат.
„Се надевам дека следниот пат ќе се уверат дека сум мртов пред да ме запалат“, изјавил самиот Дипак.