Вознемирувачко: Хирург на Фејсбук објавил фото од пациент со забиен нож во гради!


Хирургот Един Мутевелиќ, познат како Диди, вчера на својот Фејсбук профил објавил прилично вознемирувачка фотографија.

Фотографијата била направена пред хируршката интервенција на неговиот пациент.

На неа јасно се гледа како сечилото е забиено во градите на човекот, има многу крв, а на една од фотографиите се гледа и дел од лицето на пациентот.
si-zabil-noz-vo-srce-kje-se-samoubival-1
Покрај фотографиите, лекарот објавил и видео на кое може да се слушне разговорот со пациентот одржавајќи го буден.


Во коментарите под фотографијата и видеото лекарот Мутевелиќ објаснил дека станува збор за неуспешно самоубиство и дека пациентот се скарал со сопругата.si-zabil-noz-vo-srce-kje-se-samoubival-2

Овој педесетгодишен маж си го забил сам на себе ножот во гради по жестоката кавга со жената, а во болницата во Прибој, каде што д-р. Мутевелиќ му пружил прва помош, пристигнал во свесна состојба.

Операцијата била тешка но тимот на лекари успеале да му го спасат животот на пациентот. Д-р. Мутивелиќ е хирург, онколог во болницата во Ужице и се смета за еден од најдобрите лекари во таа област.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1