Труењето настанало поради конзумирање на концентратот за бањање „Глог“ кој содржи висока концентрација на метил алкохол, метанол или антифриз, и може да се купи по многу ниска цена, за околу 40 рубљи (нешто помалку од половина евра.
Властите воведоа вонредна состојба во целата области и забранија продажба на сите непрехрамбени производи кои содржат алкохол.
Полицијата истовремено откри две илегални мини фабрика за производство на алкохол и уапси седум лица за кои се сомнева дека учестувале во производство и продажба на концентрати за бањање.
Поради ниските примања, многу Руси, посебно во руралните средини, не можат да си дозволат алкохолни пијалоци и затоа конзумираат разни средства кои содржат алкохол или слични хемиски супстанции поради што постои опасност од труење.