Во страотна несреќа што се случи ноќеска околу 3 часот на автопатот Белград – Ниш, загинаа пет лица, а 23 се повредени. Патниците настрадаа, затоа што од засега непознати причини, се преврте автобусот.
Екипите на итната помош 23 повредени ги превезоа во здравствениот дом во Алексинац и Нишкиот клинички центар, а спасувачките екипите се уште се обидуваат да ги извадата телата на настраданите од под автобусот.
По налог на Обвинителството на возачот му е одредено задржување од 48 часа поради тешко дело против безбедноста во сообраќајот.
(Telegraf.rs)