Мажот, кој во саботата околу 12 часот во центарот на Подгорица најпрво го уби Радивој Јовановиќ (42), а потоа и својата вистинска мета Милош Шаковиќ (31), го снимија безбедносните камери.
Една вознемирувачка снимка протече во јавноста. На неа се гледа моментот кога Шаковиќ се обидува да му побегне на убиецот трчајќи од правец на ресторанот „Форум“ во кој бил со пријателите и со сопругата, преку внатрешниот двор под трговскиот центар „Ражнатовиќ“.
Убиецот во темна облека со качкет на глава и со пиштол во рака трча по него. Во еден момент на снимката јасно се гледа и како убиецот држи вперен пиштол во правец на местото каде што бега Шаковиќ. Дека не станува збор за аматер туку за професионалец кој вешто ракува со оружје, се гледа и по тоа што тој во трката по Шаковиќ успева да го репетра пиштолот и продолжува да пука.
Шаковиќ за жал не успеа да му побегне на убиецот, кој го убил 30-тина метри подолу.
Во дворот на недовршена куќа полицијата пронајде одредени предмети за кои се верува дека му припаѓале на убиецот. Станува збор за торбичка, качкет и пиштол. Два дена по злосторството, истражителите се сигурни дека убиството на Шаковиќ е одмазда за убиството на Дражен Чаѓеновиќ кој настрада во експлозија на бомба две ноќи претходно во гража на Римскиот плоштад, исто така во Подгорица.
Иако убиениот Шаковиќ, е брат од стрико на погоричанецот Милиќ Миња Шаковиќ, кој важи за високоткотиран член на „шкањарскиот “ клан, доброинформирани извори тврдат дека братучедите не биле во добри односи.
Наводно Милош ги одржувал контактите со Игор Божовиќ кој, оперативно, означен е како еден од водачите на спротивставениот „кавачки“ клан, што на крајот, можно е да го платил со животот. И не само својот.
Од 2014 година кога поради исчезнувањето на кокаин во Валенсија изби војна меѓу двете которски криминални групи, се убиени дваесетина лица меѓу кои и четворица невини жртви.