Не го гледајте видеото доколку се плашите од змии. Секоја пролет, Манитоба, Канада е домаќин на собир на 75.000 змии. Според „National Geographic“, змиите се собираат за специфичен ритуал за парење.
Овие змии се безопасни, но кога ќе ги видите во толку голем број на едно место, ќе ве полазаат морници и нема да останете рамнодушни.
Десетици илјади змии доаѓаат на ова место, а чуварите на националниот парк овој период го користат за едукација на луѓето.
Наставниците од канадските основни училишта ги носат овде своите ученици за да научат нешто за навиките на змиите, како и да се привикнат и да го загубат стравот.
Местото на собирањето на змии стана и голема атракција за туристите кои во се поголем број доаѓаат на ова место.