Судбината на Гадафи била да умре во Сирт, понижен и крвав, молејќи ги своите киднапери да не го убиваат. Последните минути од животот на Гадафи биле ужасни. Тоа било тешка болка и понижување на човекот кој еднаш за себе рекол дека е “крал на кралевите во Африка”.
Зашеметениот и збунет Гадафи, бил изваден од канализацијата, каде што бил заробен. Тешко крварел од длабоките повреди на вратот и главата, а повреди имал и на неговите гради.
Масата која го окружила почнала да извикува “Бог е голем” додека пукала во воздухот, а некои истакнувале дека “владетелот треба да остане жив”.
Постојат снимки каде се гледа дека Гадафи со крваво лице и во несвесна состојба е кренат на камион, потоа снимка од него без маица на земја додека го обиколуваат луѓе, а потоа може да се види и мртов во задниот дел од возило на итна помош.
Тоа што не е забележано е моментот на смртта, и како се случила. Постојат тврдења дека бил убиен од борците со куршум во главата или стомакот.Тоа што е иронично во целиот овој случај е тоа што Гадафи својот крај го дочекал во Сирт, град кој е најмногу поврзан со неговото владеење. Судирот околу градот започнал во септември, а тогаш бил откриен уште еден детаљ кој бил важен за Гадафи. Постојат бетонски ѕидови кои им овозможиле на борците на Гадафи да се бранат.
Во текот на еднонеделната опсада, за животот на Гадафи се знае во фрагменти. Дури и по неговата смрт не се познати деталите за тоа како тој живеел во бегство и кој бил одговорен за неговата безбедност.
Гадафи за бегство имал само еден автопат кој не бил во рацете на бунтовниците. Било неопходно тоа да се искористи и да се навлезе длабоко во либиската пустина, за да се избегнат бунтовниците кои доаѓале од сите насоки.
Бунтовниците биле длабоко поделени околу тоа каде е Гадафи. Некои верувале дека побегнал со еден од конвоите кои неговото семејство го одвеле во Нигер и Алжир.Постоело и сомнение дека Гадафи е заробен во главниот град, па биле спроведени и рации за да биде пронајден. Вистината за неговите последни чекори ја открил човек близок до неговиот круг на луѓе, кој со него патувал во последниот конвој, Мансур Дао, поранешен командант на Револуционерната бригада на Либија.
Тој бил пронајден во болница, каде потврдил дека се наоѓал во истата колона со Гадафи кога либискиот лидер бил заробен, а неговиот син убиен.
“Гадафи не побегна и не сакаше да побегне. Тргнавме кон Јариф. Бунтовниците го обиколија целото подрачје, па така се судривме со нив. Веќе не можевме да дојдеме до Јариф. Тие започнаа со тешки напади, што доведе до уништување на автомобилот и смрт на голем број на луѓе кои беа со нас. Потоа се поделивме во неколку групи и тргнавме пешки. Не знам што се случувало во последните минути, бидејќи бев во несвест”, рекол тој.
Оваа приказна според многумина е малку веројатна. Дао рекол дека се движеле од место до место, а поради опсадната состојба во Сирт, тие никако не можеле да влезат во градот од страна. Исто така не е споменат ни нападот на Гадафи од страна на дроновите во САД и француските авиони, кога се обиделе да се пробијат од Сирт, преку непријателската територија пред да ги сопрат бунтовниците.
Различни се приказните за тоа што се случувало откако бил заробен. Некои велат дека ги молел своите киднапери да не пукаат, додека други велат дека прашал еден од нив – “Што сум ти направил на тебе?”. Тоа што е сигурно е дека Гадафи на снимките е жив, но ранет и зашеметен. Според еден борец Гадафи бил погоден во стомак, а според лекарите бил погоден во глава.
Исто така постојат тврдења дека бил убиен по заробувањето, додека според други извори бил убиен во вкрстена борба.