ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Доживеала клиничка смрт 36 пати за една година


Сара Бротигем боледува од синдром на постурална ортостатска тахикардија (ПОТС), многу ретко срцево нарушување кое се манифестира низ чести „средби“ со смртта, па само во период од една година доживеала клиничка смрт 36 пати.

Нејзиното срце почнува забрзано да чука, а потоа нагло престанува покрај пад на крвниот притисок, што доведува до клиничка смрт во траење од една минута.582493_26602ea3000005780imagea591425646593265_f

„Дејли мејл” објави видео снимка на која се гледа како Сара умира, а потоа се враќа во живот.

Снимено пред три години, ова видео е објавено сега со согласност од Сара за да се привлече внимание на јавноста на нејзините здравствени проблеми.

Младата жена изјавила дека пред да умре „има чувство дека ќе заспие“.

– Слушам се што се случува околу мене и имам желба да вреснам, но никаков звук не излегува од мојата уста. Велат дека, кога ќе умреме, слухот е последното нешто што го губиме. Тоа е точно – рекла Сара

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1