Хорор приказна доаѓа од Индија, фудбалер почина откако се обиде атрактивно да го прослави голот кој го постигна.
Фудбалерот Питер Бјанксаузулу постигна гол, а потоа се обиде да прослави во стилот на Клосе, но сето тоа заврши трагично.
Тој тешко го повредил грбот, бил веднаш префрлен во болница, но за жал починал како последица на тешките повреди. Според неофицијалните информации по падот го скршил вратот, а од клубот Витлеем Ветланг само потврдија за трагичната смрт и за тоа дека ја вежбал ваквата прослава на гол.
Можеби ваквите прослави треба да се забранат на фудбалските терени, пред се поради безбедноста на фудбалерите.
Трагичниот момент е на 2:30 минути