Вознемирувачкото видео кое го потресе светот е снимено на јавна егзекуција на жена обвинета за неверство. Џихадист на Ал Каедна во глава и’ пука на жена пред насобран народ откако и била изречена пресудата.
Овој чин ги згрози дури и исламските земји.
Снимката покажува како на една жена, која носи царна марама, група терористи и наредуваат да клекне по што еден вади пиштол и пука директно во глава. Насобраната толпа го извикува името на Алах.
Инаку, пред една година се појави уште едно шокантно видео на кое се гледа јавно давење на една жена пред бројни присутни што потврди дека терористите ја третираат жената како стока и дека покажувањето на сила врз послабиот пол е одлика на монструми и ѕверови.