ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Масовна егзекуција на борци од Исламска Држава


На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео, кое прикажува 18 мажи во портокалови комбинезони, со покриени глави, кои клечат на земја и кои ги убиваат мажи во црни одела, пукајќи им во тилот, пишува „Дејли мејл“.

Весникот наведува дека е нејасно, кој издал наредба за нивна егзекуција, но се претпоставува дека се убиени борци од ИД.

На снимката се гледа дека убиените биле распореднеи во неколку редови, додека околу нив шетале нивните егзекутори, кои потоа кон нив истрелале повеќе куршуми од најверојатно полуавтоматско оружје.

Откако им пукале во тилот, егзекуторите пукале во нивните тела.

Се претпоставува дека оваа екзегузија се случила во Либија, имајќи предвид дека и претходно стигнувале вознемирувачки вести и снимки од таа земја, во која масовно им се одмаздуваат на терористите на ИД.

Ова видео се појави среде тензиите меѓу џихадистите и либиските сили во Бенгази, а откако Калифа Хафтар, поранешен војник во режимот на Моамер Гардафи, а сега командант на Либиската национална армија прогласи победа во тој град.

Видеото е со датум од 17 јули, што значи дека егзекуцијата се случила неколку дена откако портпаролката на ОН, Лиз Тросел ја повика Либиската национална армија, која го контролира истокот на земјата, да ја испита егзекуцијата на затвореници.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1