Светските медиуми објавија снимка од сударот на двата хеликоптера во аргентинската провинција Ла Риоха во која животот го загубија десет лица, меѓу кои и тројца француски спортисти.
Меѓународниот олимписки одбор (МОО) тагува за загубата на француските спортисти, меѓу кои се и двајца освојувачи на олимписки медали
-Шокирани сме од оваа тажна вест. Изразуваме сочувство до семејствата на овие спортисти, кои не напуштија. Светот на спортот и олимпиското семејство загуби тројца важни членови. Тие не беа само шампиони во своите спортови, туку и идоли на многу млади генерации, се вели во сооштението на МОО.
Во сударот на двата хеликоптера во западно аргентинската провинција Ла Риоха, загинаа олимписката шампионка во пливање Ками Мифа (25), боксерот Алексис Вастин (28) и едриличарката Флоренс Арто (57).