Беснилото е заразна болест која кај топлокрвните животни предизвикува „енцифилитис“ (акутно воспаление на мозокот). Знаејќи дека и луѓето спаѓаат во таа категорија, оваа болест е за нас, доколку не се изреагира на време, смртносна.
Вирусот на беснило доаѓа до мозокот преку периферните нерви, а кога стигне до централниот нервен систем симптомите почнуваат да се изложуваат. Кога дојде до инфекција, болеста станува практично неизлечива и смртниот исход во рок од неколку дена е неизбежен.
Симптоимите во раната фаза се малаксанот, грозница, силна болка, неконтролирано возбудување, наслино однесување, депресија и хидрофобија (страв од вода), а смртта настапува после повеќедневна агонија!
Беснилото најчесто се пренесува со убод од заразено животно, бидејќи вирусот е концентриран во плунката, а од сите цицачи најчесто страдаат кучиња, волци, мачки и лисици.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА!
Faktor.mk