На Јутјуб се појави шокантно видео на кое постари малолетници малтретираат помладо момче, кое го сретнале во некој премин. На видео снимката јасно се гледа преплашеното дете, додека постарите момчиња го тераат да изговара погрдни зборови во врска со својата фамилија, пренесува Хајат.
Вакво однесување мора да биде предмет на разговор уште во раната младост, низ образованието и системот.
Се надеваме дека и родителите на овие престапници, откако дознале што прават нивните деца, ќе ги превземат потребните мерки.
Предупредуваме на вознемирувачка содржина и вулгарен јазик.